Откриена нова линија на матични клетки

maticni-kletki.jpg

Истражувачи од институтот Сангер во Англија и нивните колаборатори развиле нешто што потенцијално може да биде „табула раса“ за матичните клетки, што би овозможило растење и развивање на било каков вид на клетки.

Пред ова откритие, матичните клетки постоеле во два вида – ембрионски (ES) и плурипотентни (iPS).

Во теорија, и двете линии на матични клетки можат да израснат во разни видови на клетки, меѓутоа и двете имаат ограничување –  не можат да израснат баш во секој вид на клетка.

Новите EPSC клетки можат да се формираат во било кој вид затоа што имаат карактеристики слични на оние на најпрвите клетки во ембрионот. Во случај на оваа студија, се работи за клетки од глушец, но истражувачкиот тим е сигурен дека може да развие слична линија матични клетки и кај останатите цицачи, вклучувајќи ги и луѓето.

За да ги развијатт EPS клетките, истражувачите земале клетки од глушец при нивната најрана фаза на развој – кога оплоденото јајце се поделило на само 4 или 8 клетки. За споредба, ES матичните клетки вообичаено се земаат во фазата кога тоа е поделено на 100 клетки.

Досега, научниците веќе можеле да постигнат доста работи со ES и iPS клетките – да претворат кожни клетки во моторни неврони, да третираат ќелавост, па дури и да го забават стареењето кај глувците. Новите EPSC матични клетки би можеле да ги создаваат сите три типа на бластоцистични матични клетки, т.е различните клетки од оплоденото јајце, што би го проширило нивниот потенцијал за развивање и употреба

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top