Откриена планета без облаци: Годината трае помалку од 5 дена

Otkriena-planeta-bez-oblaci-Godinata-trae-pomalku-od-5-dena.jpg

Откриена планета без облаци: Годината трае помалку од 5 дена

Астрономите открија многу чудна егзопланета која може да нѝ помогне во подобро разбирање на вселената. Имено, научниците од Харварт и Смитсонијан воочија големо гасовито небеско тело на оддалеченост од околу 575 светлосни години од Земјата, и му го дадоа името WASP-62b.

Оваа егзоплаента се наоѓа во орбита каде една година трае 4,5 земјини денови, а чудно е што нема ни еден облак. Како што истакнаа научниците, овој феномен, да нема воопшто облаци, може да се најде на 7 отсто од егзопланетите.

Со помош на вселенскиот телескоп Хабл астрономите успеаја да ги препознаат трагите на натриум, што не би било можно ако има облаци. Поради тоа и се претпоставува дека воопшто ги нема кога станува збор за WASP-62b.

Тимот кој ја анализираше планетата, се надева дека лансирањето на вселенскиот телескоп „Џејм Веб“ ќе овозможи дополнителни методи за проучување, односно, дека со малку среќа, ќе успеат да најат траги од силикони, кои тогаш би им укажале на кој начин настануваат вакви планети, и по што се разликуваат од оние со облаци, пренесе Енгаџет.

Извор: kurir.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail