kgn-img-491864.jpg

Сателитот TESS на НАСА пронајде планета на која е можно да постојат услови за живот.

Станува збор за небесно тело кое кружи околу студената М-џуџеста ѕвезда TOI 700 во соѕвездието Дорадо, на околу 100 светлосни години од Земјата, пишува Mental Floss.

Планетата наречена TOI 700d е околу 20 проценти поголема од Земјата и оддалечена е од Сонцето доволно за да може да има вода во течна состојба.

Една е од трите планети во системот, а останатите се веројатно карпеста планета со големина на Земјата и гасовита планета која е 2,6 пати поголема од Земјата. Се смета дека само едната половина од планетата TOI 700d е свртена кон Сонцето во секое доба и дека орбитира околу 37 земни денови.

За ѕвездата TOI 700 на почетокот се мислеше дека е врела како Сонцето, но со подетален преглед е забележано дека ѕвездата е релативно студена и мала.

извор: Кајгана

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail