Откриена првата Месечина надвор од соларниот систем?!

mesecina.jpg

Aстрономи со употреба на вселенскиот телескоп Хабл (Hubble) и Кеплер дојдоа до докази за постоење на месечина надвор од нашиот соларен систем, кој кружи околу гигантска гасна планета оддалечена 8000 светлосни години.

Според сознанијата објавени во магазинот „Science Advanced“, егзомесечината е необична поради својата големина која може да се спореди со Нептун.

„Ова би било прв случај на откривање Месечина надвор од нашиот соларен систем“, рекол професорот по астрономија од Универзитетот Колумбија Дејвид Кипинг.

Доколку биде потврдено со дополнителни опсервации, ова откритие би можело да пружи витални информации за развој на планетарни системи, рекол Кипинг и додал дека тоа откритие би можело да ги „натера експертите да ги преиспитаат теориите за тоа како се формираат Месечините околу планетите“.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail