Откриена тајната на долгата младост

mladost.jpg

Тајната на долгата младост е во седемчасовното спиење, алгите и кафето, тврди д-р Елизабет Блекбурн, кој ја доби Нобеловата награда за откривање на теломери, кои одредуваат дали старееме добро, објави Дејли мејл.

Претерувањето со газирани пијалоци сепак остарува, како и пушењето, за дури пет години.

Теломери се заштитните краеви  на хромозомите кои ја штитат ДНК од оштетување. Познато е дека тие се намалуваат со годините. Минијатурна разлика во должината може да покаже ризик од рак или болест.

Според д-р Блекбурн, теломерите брзо се трошат исто така од хроничен стрес, јо-јо диети, бел леб, шеќер… Медитеранската исхрана богата со витамини, алги и неколку кафиња дневно, сепак можат да ги продолжат.

Должината на теломери се наследува не само од родителите. Таа се определува и начинот на живот и стресот. При акумулација на килограми во половината, ризикот од нивно намалување се зголемува со 40 проценти. Тие сепак можат да бидат стабилизирани со диета, движење и спиење.

Доволно спиење ги одржува теломери млади, исто како и кафето. Истражување меѓу 4.000 жени покажа дека оние кои пијат кафе-имаат подолги теломери.

Целите зрна, алгите, морска храна, зеленчукот исто така помагаат за подолги теломери, утврдија корејски научници. А според американски експерти, јагленохидратите и млечните производи не се нивни непријатели, за разлика од газираните пијалоци.

Теломери на луѓето кои пијат по две газирани пијалоци дневно, се со пет години постари. Чаша газиран пијалак дневно ја зголемува возраста на теломерите со две години и човек станува подложен на болести како дијабетес.

Меѓу храната која ја намалува должината на теломерите се обработени месо, ориз, тестенини, бисквити, сладолед.

Овие препораки се објавени во новата книга „Ефектот на теломерите“, напишана од д-р Блекбурн заедно со д-р Епел од Универзитетот на Калифорнија.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail