Откриени најстарите билки во светот: Фосили стари 1,6 милијарди години

bilki.jpg

Досега за најстари билки на Земјата се сметаа фосилите на црвени алги пронајдени на канадскиот Арктик, стари 1,2 милијарди години. Но, сега се пронајдени фосили во Индија, стари 1,6 милијарди години, налик на црвените алги.

Пронајдените фосили покажуваат дека станува збор за билки стари стотина милиони години повеќе од тоа што претходно се мислеше.

Арктичките карпи од Индија покажуваат дека црвените алги живееле пред 1,6 милијарди години. За ова откритие се заслужни научници од Шведска, а според нив пронајдокот би можел да го промени мислењето за тоа кога се развил релативно напредниот живот.

Тие идентификувале делови од хлоропласт, структура во внатрешноста на растителните клетки кои се вклучени во фотосинтезата.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail