Откриени скоро 100 нови егзопланети

EGZOPLANETI.jpg

Интернационален тим астрономи потврдил дека по анализирање на новите податоци добиени од К2 мисијата на НАСА, бројот на досега откриени егзопланети се зголемил за уште скоро 100 – па така сега вкупниот број на егзопланети откриени со К2 е скоро 300.

Мисијата Кеплер била лансирана во 2009 и од тогаш е во потрага по егзопланети со помош на транзитниот метод – фотографирајќи ги ѕвездите и барајќи промени во силината на нивната светлина. Доколку некоја ѕвезда се „стемни“ на одреден период а потоа продолжи да свети и тоа го прави во правилни интервали, тоа најверојатно значи дека околу неа орбитира некое тело доволно големо да блокира барем дел од нејзината светлина.

Главната мисија на Кеплер телескопот открила околу 2341 потврдени егзопланети, но во 2013 дел од него се расипал, па мисијата била повторно востановена како К2.

Податоците кои сега биле анализирани биле собрани во 2014, а научниците морале детално да ги истражат за да потврдат дека затемнувањето на ѕвездите не било предизвикано од други фактори.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail