img-470152.jpg

Истражувачи од американскиот Геолошки институт открија езеро на дното на кратерот на најактивниот вулкан на Хаваите, пренесува AP.

Според истражувачите, вулканот Килауеа ја загрева водата во езерото, во кратер во кој претходно имало лава. Температурата на водата е околу 70 степени.

Лавата во кратерот исчезна минатата година, кога Килауеа за првпат престана да еруптира, по повеќе од 30 години.

Геологот Мет Патрик изјави дека е тешко да се одреди колку е длабока комората на магмата под дното на кратерот во кој е пронајдена водата, бидејќи големи количини гас постојано избиваат на површината.

Областа и понатаму е непристапна и опасна поради гасовите и другите ризици кои се појавуваат.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail