Откриено ново морско чудовиште од времето Јура

cudi.jpg

Многу видови на праисториски животни не се откриени иако се наоѓаат буквално пред нашиот нос. Тоа е случајот и со Arminisaurus schuberti, новооткриеното „морско чудовиште“ кои пливало во океаните од времето Јура пред 190 милиони години.

Фосилизираните коски оригинално биле откриени во глинена јама во близина на Билфелд  во Германија, уште во далечните 1980-ти. Но, пред да биде најден недопрениот и комплетен скелет бил искршен од рударската машинерија и можеле да бидат спасени само околу 40% од коските.

Од тогаш тие биле складирани, сè до интервенцијата на аматерскиот палеонтолог Зигфрид Шуберт, кој детално ги исчистил и испратил во музеј во 2015-та.

Плесиосаурусот бил именуван во чест на Шуберт, и германскиот лидер Арминиј.

Плесиосаурусите биле најуспешните морски предатори од добата на диносаурусите, а некои, како познатиот Лиоплеуродон, биле долги и до 15 метри и биле еквивалент на денешните бели ајкули и китови-убијци. Во споредба со нив, Арминисаурусот бил малечок – околу 3-4 метри и најверојатно ловел плен како риби и лигњи.

Тој е значаен бидејќи датира од времето на раната Јура, од кога имаме идентификувано само два вида на плесиосауруси.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail