Откриено: Што е ПРОТИВОТРОВ за пандемискиот стрес?

Otkrieno-SHto-e-PROTIVOTROV-za-pandemiskiot-stres.jpg

Откриено: Што е ПРОТИВОТРОВ за пандемискиот стрес?

Квалитетната релаксација е поважна од порано со оглед на пандемијата и предизвиците што таа ги носи. Еден начин е трчањето, но и кој било друг вид на вежба.

„Напнатоста што ја чувствуваме треба да се ослободи“, вели Инго Фобосе, професор на Универзитетот за спорт во Келн.

Неговиот совет е буквално да избегате од стресот. Вежбањето ослободува ендорфин и ги намалува хормоните на стресот. Покрај тоа, дури и умерено вежбање резултира со зголемено чувство на среќа и задоволство, покажале студиите.

Но, ако сакате да го ублажите стресот на овој начин, внимавајте да не претерате.

Ако претерате со вежбање кога веќе сте нервозни, може да предизвикате спротивен ефект и да го зголемите нивото на кортизол, хормонот на стрес.

Во идеални ситуации, ќе вежбате надвор, на свеж воздух и дневна светлина, што е исто така добро за вас.

Спортот ослободува хормони како серотонин и допамин кои помагаат во концентрацијата, го подобруваат расположението и го зголемуваат сопственото чувство на благосостојба, вели спортскиот научник Јохана Руп.

Многу е важно да изберете спорт во кој уживате. Ако вежбањето не е забавно за вас, тоа нема да помогне ниту во ослободувањето од стресот, туку само ќе стане друго малтретирање.Ако преферирате возење велосипед од трчање, седнете на велосипед, а можете да играте и пинг-понг во парк или само да прошетате.

Извор: kurir.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail