Откријте го бројот на својот кармички долг и откријте за што сте испратени на овој свет

1-otkrijte-go-brojot-na-svojot-karmichki-dolg-i-nauchete-za-shto-ste-isprateni-na-ovoj-svet-kafepauza.mk_.jpg

Некои луѓе веруваат дека кармичкиот долг е збир на сите „лоши“ работи што сте ги направиле во претходните животи и дека сте пуштени на земјата во овој живот за да го исчистите тој долг или да ја вратите кармичката рамнотежа. Меѓутоа, тоа не функционира на тој начин. Кармата едноставно е „причина и последица“ и го диктира движењето на енергијата секогаш кога имате одредена мисла или преземате одредена акција. Вашиот кармички долг е еден вид животна лекција, она што треба вашата душа да го направи за да се постигне повисоко ниво на свест.

Додека вашиот кармички долг е наследен од минатите животи и постои на ниво на душата, тоа не се само „лоши“ работи кои сте ги направиле, туку е збир од сите дела, позитивни и негативни. На вас останува како ќе одлучите да го живеете својот живот и да доживувате одредени настани. Во нумерологијата, секој има свој број на кармички долг, кој може да открие каква порака или карма треба да научи вашата душа. Тој број е одреден според името кое ви е дадено кога сте се родиле. За да го откриете својот број на кармички долг, сѐ што треба да направите е да додадете броеви на секоја буква од вашето име и презиме, а за таа цел треба да ја користите оваа табела.

Напомена: Во оваа табела не се наоѓаат податоци за буквите Ч, Џ, Ѕ, Љ, Њ, Ш, Ж, Ѓ, и Ќ па препорачливо е истите да ги замените со Ц, Д, Л, Н, С, З, Г и К.

Откријте го бројот на својот кармички долг и научете за што сте испратени на овој свет

Така на пример, ако вашето име и презиме е Ана Петрова, тогаш вашиот кармички број ќе го пресметате на следниов начин:

1+5+1+7+5+2+9+6+4+1=41

Тогаш резултатот ќе го сведете на едноцифрен број:

4+1=5

Напомена: Броевите 11 или 22 се главни броеви и не се сведуваат на едноцифрен број. Во горенаведениов пример, Ана има кармички број 5.

На истиот начин пресметајте го и вие вашиот кармички број, па во продолжение погледнете што означува тој.

Број 1

Во минатиот живот вие не сте ја негувале вашата душа, секогаш другите сте ги ставале пред себе и сте поминувале голем дел од своето време грижејќи се за нив. Можеби не сте се сакале себеси и најверојатно сте имале ниска самодоверба или чувство на помала вредност. Во овој живот сте вратени за да сфатите дека сте навистина важни и дека најдобро ќе им служите на другите ако сте среќни. Вам животот ви поставува многу предизвици кои ќе ве принудат да откриете кои сте навистина.

Број 2

Во минатиот живот вие повеќе сте ги ценеле материјалните работи и физичкиот свет, отколку душата, интуицијата или чувствата. Вие сте паднале во замка на вашето его и сте го занемариле духовниот или креативниот повик на вашата душа. Во овој живот сте се вратиле за да ја доживеете другата страна на животната радост, креативност и задоволство. Вие сте вратени за да се ослободите од товарот на материјалниот свет и да барате задоволство и цел во она што го работите. Можеби животот ќе ви пружи многу ситуации во кои ќе бидете принудени да погледнете подалеку и да се фокусирате на она што е внатре. Можеби ќе се чувствувате водени и навистина ќе ги следите своите страсти, а и ќе верувате во оној мал глас во вас.

Број 3

Во минатиот живот никогаш не сте биле во можност да се изразите себеси и да се држите до она во што вистински верувате. Можеби сте се почувствувале под притисок или не сте биле во можност да живеете со својата вистина. Можеби не сте биле ниту во можност да комуницирате или да ја пренесувате пораката или вистината. Во овој живот сте се вратиле за да научите да го кренете својот глас и вербата при изразување на себе. Исто така сте испратени назад за да пренесете важна порака до светот.

Број 4

Во минатиот живот, вашиот дом и семејниот живот не биле место каде што сте се чувствувале удобно и безбедно. Мирот и утехата која доаѓа од живеење во убава куќа, со добро семејство, е нешто што никогаш не сте го доживувале сериозно. Во овој живот вие сте испратени да ја научите вредноста на семејството и домот и колку е важно да создадете сигурна и мирна околина. Исто така сте дојдени за да ја научите важноста на поддршката и љубовта на оние околу вас. Можеби во овој живот ќе добиете многу можности за да ги подобрите семејните односи и да обезбедите стабилна и сигурна околина за своите најмили.

Број 5

Во минатиот живот вие сте барале физичко и емоционално внимание до таа мера што сте станале алчни. Многу е веројатно дека сте го користеле својот шарм за да ги остварите своите цели, дури и ако тоа не било во најдобар интерес за оние околу вас. Можеби исто така сте имале афера или сте манипулирале со другите, за работите да изгледаат онака како што сте замислиле. Во овој живот сте се вратиле за да научите да ги почитувате другите и да создадете здрави граници во односите. Исто така дојдени сте за да научите како да ја изразувате својата вистина, без потреба за манипулација или управување со чувствата.

Број 6

Во минатиот живот вие сте го запоставиле своето здравје или сте страдале од болести. Можеби затоа ви било тешко да управувате со своето време и да пронајдете рамнотежа помеѓу работата, одморот и забавата. Ова најверојатно се должи на фактот што не сте биле во состојба да ги изразите своите емоции. Во овој живот сте испратени да ги негувате и да ги подобрите своите емоции, но и за да сфатите дека вашите чувства играат значајна улога во вашето физичко здравје. Животот може да ви постави многу предизвици, со цел да ви помогне вашето здравје да ви стане приоритет, така што можете да почнете да се грижите за себе и да му го подарете на вашето тело потребното внимание. Здравата исхрана, вежбањето и медитацијата, дефинитивно им се потребни на луѓето со овој кармички број.

Број 7

Во минатиот живот сте донеле многу одлуки врз основа на вашите сопствени потреби, а не сте имале сочувство и емпатија за тоа како истите влијаат на другите. Можеби не сте биле во можност да се соочите со другите и најверојатно сте имале многу силно чувство дека животот е борба или натпревар. Во овој живот сте дошле за да доживеете радоста во животот, а можеби ќе се чувствувате повикани и да им служите на другите луѓе. Вашите лекции во овој живот се врзани за сочувството кон оние кои ве окружуваат. Исто така треба да научите како да донесете одлуки кои се најдобри за вам, а не поради натпревари со другите.

Број 8

Во минатите животи не сте успеале да го живеете животот во целост и сте имале проблеми со преземање одговорности за своите постапки. Можеби секогаш сте пронаоѓале начин да избегнете да ја согледате стварноста и наместо на себе, сте се потпирале на другите. Исто така можеби сте имале проблеми со зависности или не сте успеале својот живот да го насочите во една насока. Во овој живот сте вратени за да научите да преземате целосна одговорност за својот живот и за насоките на вашата душа. Вие сте овде за да дознаете како да ја согледате вистината на својот живот и да дојдете до суштината на вашата душа и мисија. Наместо да се обидувате да избегате од стварноста, во овој живот ќе бидете водени во ситуации во кои ќе морате да се соочите со сѐ што ви носи животот.

Број 9

Во минатото вие сте гледале на светот како на одвратно место каде што постои недоверба и алчност. Не сте биле во можност да видете надвор од сенките на животот, а ви било тешко да останете позитивни поради својот живот. Тоа можеби во голема мера било поради фактот што сте имале длабоко духовно будење кое резултирало со чувство на празнина во физичкиот свет. Во овој живот сте се вратиле за да пронајдете радост на Земјата и среќа во физички облик. Исто така вие сте вратени за својата свест да ја одвратите од негативноста и да започнете создавање позитивни промени, лично и во заедницата, по пат на духовна и хуманитарна работа.

Број 11

Во минатиот живот вие сте играле според правила и сте го правеле она што општеството го очекувало од вас, па сте живееле прилично позитивен и пријатен живот. Но, сте пропуштиле да го слушате повикот на својата душа и да ги искористите авантуристичките можности кои често ви биле поставувани. Вие сте дозволиле стравот од непознатото да ја запре вашата душа да се движи напред и да ве блокира да ја доживеете другата страна на животот. Вие сте вратени во овој живот за да ги искористите тие шанси, да донесете похрабри одлуки и да ја следите вашата интуиција.

Број 22

Во минатите животи вие повеќе сте сакале да останете во сенка и никогаш не сте ги покажувале на светот вашите таленти и способности. Вие сте бегале далеку од вниманието и сте ги намалувале своите вештини и способности. Во овој живот сте се вратиле за да му ги покажете на светот своите таленти и на некој начин да заземете водечка улога. Вие сте испратени за да ја искористите својата сила и потенцијал и да оставите свој белег во светот. Овој пат животот ви пржи многу можности каде ќе можете да го покажете она најдоброто од себе. Вие сте предодредени да извршите големо влијание на светот.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail