Колку сон ни е навистина потребен? Ова прашање ги прогонувало експертите со години, но изгледа дека конечно можеме да го откриеме одговорот.
Потребното време за спиење зависи од вашата возраст:
- Новороденчиња (0-3 месеци): 14-17 часа на ден
- Бебиња (4-11 месеци): 12-15 часа на ден
- Деца (1-2 години): 11-14 часа на ден
- Претшколска возраст (3-5 години): 10-13 часа на ден
- Школска возраст (6-13 години): 9-11 часа на ден
- Адолесценти (14-17 години): 8-10 часа на ден
- Млади возрасни (18 – 25 години): 7-9 часа на ден
- Возрасни (26-64 години): 7-9 часа на ден
- Постари возрасни (65+ години): 7-8 часа на ден
За најголемата група, возрасните, препорачаното времетраење на сонот останува непроменето, што има логика со оглед на тоа што 7-те часа се доволни за поголем дел од луѓето на оваа возраст.
Добриот сон не секогаш е толку лесно да се постигне, но обидувајте се да наоѓате време за спиење бидејќи тоа може да биде клучно за вашето здравје.
Извор: kurir.mk