“Можам да кажам дека три години немам рак и сакам да верувам дека тоа е така поради мојата нетоксична рутина. Сакам со другите да ја споделам листата на потенцијално штетни производи кои ги отфрлив од употреба”, рекла таа.

“На 21 година ми дијагностицираа лимфом и си дадов задача да го истражам својот стил на живот и да се информирам за начините кои можат да влијаат на исходот од лекувањето. Насред пребарување на интернет, открив дека она што го ставаме на нашите тела е подеднакво значајно како и она што го внесуваме во нив. Нашата кожа е нашиот најголем орган, кој впива најмногу работи”, напиша Рачели Алкобеј.

Додаде дека донела свесна одлука дека ќе се откаже од производите кои дотогаш ги користела и ќе се префрли на нетоксична нега на кожа.

“Нема исклучок кога станува збор за парабени, натриум, лаурил сулфат, олово, вештачки парфеми и алуминиум. Овие состојки се наоѓаат во поголемиот дел од вообичаените производи за нега на кожата, како што се вештачките деодоранти, средства за чистење на кожата и парфеми што ги користев пред дијагнозата. Ризиците што ги носат овие производи може да бидат благи како акни или сериозни како нарушени естрогенски нивоа, што може да доведе до рак. Важно е постојано да ги читате етикетите на производите и да се грижите за вашиот најголем орган свесно”, рекла Рачели.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail