Откритие кое може да го промени светот – Создаден нов револуционерен материјал

metal.jpg

Околу 100 години, научниците сонуваат да го претворат наједноставниот елемент во периодичната табла, водород во метал. Научници од Универзитетот Харвард успеаа да креираат мала количина на најреткиот и веројатно највредниот материјал во светот, објавија тие во списанието „Наука“.

Металниот водород може да значи револуција за технологијата, дозволувајќи производство на многу брзи компјутери, брзи и лебдечки возови и многу ефикасни возила, а и подобрувајќи се што е поврзано со електрика. Покрај тоа, може да му овозможи на човештвото да го истражува универзумот како никогаш до сега, пишува „Индепендент“.

Но, оваа иднина се уште не е потврдена, бидејќи научниците треба да истражат дали металот е стабилен на нормален притисок и температура.

-Ова е првиот примерок на метален водород на Земјата, па кога го гледате, вие гледате во нешто што не постоело претходно – вели професор Исак Силвера.

Во моментов, малото парче метал може да се види преку два дијаманти кои биле искористени за да се скрши течен водород на пониска температура од степенот на замрзнување. Количината на притисок за да се искрши бил поголем од притисокот во центарот на планетата Земја. Примерокот е заробен, но наредните недели научниците планираат полека да го намалат притисокот.

Според една теорија, металниот водород ќе биде стабилен на собна температура, претпоставка која според професорот Силвера е многу важна.

-Тоа значи дека ако се намали притисокот тој ќе остане метал, слично како што дијамантите се формираат од гас под голем притисок и топлина, но останува дијамант кога притисокот и топлината ќе се намалат – вели тој.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail