Откритие за хелиум кое ќе ги промени учебниците по хемија

heliummmm.jpg

Меѓународен тим на научници создал стабилно соединение на основа на хелиум кое е составено од атоми на хелиум и натриум, а ова откритие ги води кон нови хоризонти во хемијата.

Хелиумот инаку има значително стабилна хемиска конфигурација и порано не било познато дека може да формира врска со атомите на другите елементи. Меѓутоа, истражувачите предводени од експертите на Универзитетот во Јута, успеале да создадат термодинамичко стабилно соединување на хелиум и натриум. Не само што ова откритие е во потполна спротивност со основните претпоставки на хемијата, туку че им помогне на научниците подобро да го разберат јадрото на гасовитите џинови како Јупитер и Сатурн. Истражувачите сметаат дека ова откритие ќе ги промени учебниците по хемија.

Благородните гасови хелиум, неон, аргон, криптон, ксенон и радон, одамна се сметаат за потполно инертни. Иако ксенонот и аргонот можат да се врзат за магнезиум под висок притисок, ова е прв пат научниците да направат стабилно соединување на основа на хелиум. Тоа важи само за под притисок поголем од 113 гигапаскали, што значи дека таквото соединение н би можело да постои во природата на Земјата, туку исклучиво на гасовитите планети со висок притисок, како Јупитер и Сатурн.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail