Откривме ново неверојатно луксузно место – Villas of Grand Cypress на Флорида (фото)

ni.jpg

Флорида е место познато по своите прекрасни локации за голферите, а Villas of Grand Cypress е место кое има за цел да ги задоволи голферите во секоја смисла…

Ова место на своите гости им дава прилика да бидат во центарот на вниманието, уживајќи во голф терените со врвен квалитет. Со површина од околу 1.500 хектари, привлечниот стил на ова одморалиште ќе ве размази по само првиот чекор на неговата префинета и беспрекорно средена трева.

Ќе имате можност да изберете меѓу 146 Club апартмани и вили, а секоја од сместувачките единици има прекрасно уредена бања, со римски кади, како и приватен двор или тераса, HD TV сет и бројни други погодности.

Голферите кои ќе го посетат ова одморалиште, не мораат да бидат најдобри, туку само треба да уживаат во оваа игра. Приватните часови за голф исто така ви се достапни, доколку сакате да ја унапредите вашата игра. Дури и оние кои не се љубители на голф ќе имаат во што да уживаат. Ова одморалите нуди голем број на активности кои ќе ви го исполнат денот.

Инаку, одморалиштето Grand Cypress се наоѓа на само неколку минути од Орландо, а содржи велнес клуб, ѕид за искачување, место за риболов, велосипедски патеки и чамци кои можат да се изнајмат. Изборот на активности со кои ќе се занимавате е целосно ваш, а персоналот ќе се потруди да си поминете беспрекорно, забавно и несекојдневно.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail