Отпадот што Кина не го прима од ЕУ ќе завршува во нашето соседство

plastichen-otpad.jpg

Според него, Кина, земја каде се рециклира 85 отсто од отпадот од Европа се определила за драстична редукција на 24 категории на цврст отпад, вклучувајќи хартија, пластика, текстил.

Петрит Васили,координатор на парламентарната група на третата,по моќност, политичка сила во Албанија, Движењето за социјалистичка интеграција, ја обвини Владата и премиерот Еди Рама за „нов скандал“ со кој отпадот од Европа ќе го носи во Албанија за рециклирање.

Според него, Кина, земја каде се рециклира 85 отсто од отпадот од Европа се определила  за драстична редукција на 24 категории на цврст отпад, вклучувајќи хартија, пластика, текстил.

-Разоткриена е црната стратегија на премиерот за рециклирање отпад во Албанија. Кина веќе не го прифаќа отпадот на Европа а  Еди Рама со задоволство ќе го прими во Албанија,претворајќи ја земјата во депонија и шверц со опасен отпад,-обвини Васили.

Тој потсетува  на „скандалот од 1.300 контејнери со опасен отпад“ што во Албанија пристигнале од 2014 до 2016 година.

Ова тешко прашање, според него, за кое главно обвинувале италијанските медиуми, врз основа на новите факти, набрзо ќе биде расветлено.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top