Отсега до Солун за само 500 денари

sss.jpg

Експресниот воз “Хелас Експрес“ и оваа година ќе сообраќа помеѓу Скопје, Белград и Солун почнувајќи од 1 јуни.

Возот од Скопје ќе тргнува секој ден за Солун во 4:45 часот, додека тргнувањето назад од Солун кон Скопје ќе биде во 18:30 часот. Од Скопје кон Белград патувањето ќе започнува во 22:19 часот, а од српската метропола за Скопје ќе се трга во 18:35 часот.

Цената на меѓународните железнички билети за Белград и Солун во една насока е 12,2 евра, а повратниот билет чини 19,5 евра. На патниците ќе им бидат на располагање кушет и спални вагони долж целата траса.
Македонските граѓани од Белград ќе можат директно да патуваат со воз до Виена, Загреб, Љубљана и Будимпешта користејќи ги поволните понуди на “Балкан Флексипас“, “Сити Стар“ и “Интер Реил“ за патување од Скопје до сите европски земји.
Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail