Отворен ден на Факултетот за образовни науки

2-4.jpg

Факултетот за образовни науки неодамна ги отвори вратите за средношколците од регионот. Голем дел на средношколци имаа можност да ги видат просториите со кои располага овој Факултет, но и да се запознаат со своите идни професори и асистенти.

„Факултетот е отворен за сите матуранти за сите средношколци. Сметаме дека ова е место каде сите можат да се чувствуваат добредојдено. Ние како факултет секогаш имаме еден отворен и близок однос со своите студенти и тоа е една од нашите предности“, истакна деканката на ФОН проф. Д-р Емилија П. Ѓорѓева.

Средношкоцлите имаа одредени прашања поврзни со можностите кои се нудат и студисктите програми.

„Ние ги нудиме студиските програми предучилишно воспитување, одделенска настава, педагогија и историја со археологија“, истакна продеканката на Факултетот проф. Д-р Даниела Коцева.

Воедно овој настан имаше за цел да ја подигне и свеста на средношколците за учителската професија во државата.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail