Отворен ден на ФИНКИ

finki.jpg

На 6-ти мај 2017 година (сабота) со почеток во 11 часот, Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство организира Отворен ден, на коj идните студенти ќе имаат уште една можност директно да се запознаат со можностите за студирање на Факултетот. Отворениот ден ќе се одржи во просториите на ФИНКИ – на техничко-технолошкиот кампус, во Карпош 2.

Ги повикуваме сите матуранти да дојдат и заедно со своите постари колеги од ФИНКИ од прва рака да се запознаат со Факултетот, со начинот, условите и можностите за студирање, со студиските програми, со лабораториите, просториите за предавање, итн.

Секако, како и секогаш и овој пат неизоставен дел ќе биде и забавата и игрите. Подетални информации за настанот можете да најдете на веб страната на ФИНКИ.

Останете во тек со случувањата и поврзете се со нас преку Facebook.

Ве очекуваме!

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail