Отворен ден на Машинскиот факултет во Скопје

masinski-fakultet.jpg

Машинскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ денеска организира Отворен ден на кој матурантите ќе имаат можност подетално да се запознаат со студиските програми кои за првпат ќе се изучуваат во академската 2017/18 година.

За време на Отворениот ден посетителите ќе може да ги разгледаат просториите на факултетот, да се запознаат со наставниот кадар и да ги посетат лабораториите со што ќе добијат вистинска слика за она што се изучува на секоја од насоките.

Најавено е учество на повеќе компании кои ќе ги презентираат своите брендови и услуги, а дополнително настанот ќе биде збогатен со летало кое ќе биде презентирано од страна на Пилот тренинг центарот кој врши обуки за пилоти, како и со електрично возило од генералниот застапник на Мерцедес и Мицибуши во Македонија.

Надвор од едукативните содржини, ќе биде организирана забава со диџеите Гоце Саф и Чваре и наградна игра во која двајца најсреќни ќе добијат лаптоп компјутери.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail