Отворен ден на Штипскиот универзитет за програмата „Еразмус плус“

erazmusss.gif

По повод успешното реализирање на Еразмус плус програмата и Европската недела на млади, Центарот за меѓународна соработка при Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип денеска ќе организира отворен ден и дружба со досегашните студенти корисници на оваа образовна програма на ЕУ.

На настанот во холот на Кампус 2 при УГД ќе бидат презентирани можностите кои ги нуди Еразмус плус програмата за студирање, пракса, обука и волонтирање, а најголемо внимание ќе се посвети на можностите за стипендирање кои ги нуди УГД на студентите преку програмата.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail