„Отворен ден“ УЈИЕ ги отвори вратите за матурантите, професорите и семејствата на заинтересираните за студиската понуда

picture1514.png

На Универзитетот на Југоисточна Европа се одржа еднодневната манифестација „Отворен ден“ на 1 април, 2017 год. на која присуствуваа матуранти од Македонија, Косово и Прешевската долина. Голем број професори и членови на семејставата на матурантите исто така учествуваа на оваа акттивност.

Матурантите, родителите, професорите и сите заинтересирани во текот на Отворениот ден имаа можност одблиску да се запознаат со академската понуда на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) и со придружната инфраструктура која Универзитетот ја поседува.

„ Овој ден започнува со Саемот за јазици затоа што јазиците сепосебна конкурентна предност на овој Универзитет. Секој студент без оглед на студиската програма на кој е запишан ги следи и ги учи јазиците. УЈИЕ е универзитет основан од меѓународни донатори, стејкхолдетр и предвачи и учењето на англискиот јазик ги прави студентите конкурентни на меѓународниот пазар на трудот“ истакна ректорот на УЈИЕ , проф.д-р Замир Дика.

„Матурантите имаа можност да го видат Кампусот на Универзитетот и капацитетите и да се запознаат со наставната програма. За презентација на академската понуда имаше централна презентација за Универзитетот и презентации на ниво на факултет за со цел да можат да се зпознаат со наставната план-програма. На овие средби студентите, професорите и членовите од семејствата на средношколците имаа можност да се запознаат со претставници од деканатот, администрацијата на факултетот и другите студентски сервиси кои се нудат на Универзитетот , истакна извршниот советник на ректорот, д-р Демуш Бајрами .

Единствена можност за сите матуранти се стипендиите кои ги нуди УЈИЕ кои на потенцијалните студенти им ги презентираше директорот на студентскиот сервис Абаз Селмани. Директните стипендии се базирани на успехот од средното училиште и студентите со просек на оценки 5.00 ќе добијат целосна стипендија, која покрива 50 проценти од школарините. Оние студенти кои имаат просек на оценки над 4.5, ќе добијат стипендија која покрива 30 проценти од школарината. Дополнително на ова, идните студенти ќе имаат и друга финансиска поддршка преку различни програми кои ги обезбедуваат меѓународната заедница и деловната заедница.

Универзитетот на Југоисточна Европа во академската 2017-2018 година нуди студии во трите циклуси на студии.

Во првиот циклус на студии се нудат 14 студиски програми на петте факултети во Кампусот на УЈИЕ во Тетово и во Скопје.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail