Отворен кабинет по роботика во Кочани

133718537.jpg

Во средното општинско училиште „Ѓошо Викентиев“ во Кочани, во присуство на претставници од бизнис секторот од општините Кочани и Виница, професори  и ученици, беше пердаден во употреба новиот кабинет по роботика, дониран од страна на Ротари клубот на Кочани и Виница.

– Како клуб кој финансира одделни прокети и активности во општините Кочани и Виница, се определивме да опремиме кабинет по роботика, единствен од ваков вид во овој дел од државата, за потребите на образованието и создавање на идни кадри кои ќе бидат искористени од страна на бизнис секторот. Опремувањето на кабинетот по роботика ќе биде од корист не само на учениците, туку и на професорите по техничко образование од двете општини, изјави Кирил Шуперлиски, претседател на Ротари клубот од Кочани и Виница.

За директорот на Средното општинско училиште „Ѓошо Викентиев“ од Кочани, Димче  Сребренов, опремувањето на кабинетот по роботика беше повеќе од потребен. Оваа технологија ќе значи многу за обука на нашите ученици и професори.

-Опремувањето на кабинетот по роботика ќе овозможи посовремена настава по повеќе предмети во електротехничката и металската струка. Кабинетот ќе го користат и наставниците и учениците од основните училишта од Кочани и Виница, изјави Сребренов

Во претстојната учебна година, истакна Сребренов ќе обучиме ученици кои ќе учествуваат на Балканскиот шампионат по роботика кој се одржува во Словенија.

Во Кабинетот за роботика е инсталирана опрема од словенечката компанија „Легама“, чии инструктори извршија обика на наставниот кадар во училиштето.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail