Отворен конкурсот за упис на студенти на Штипскиот универзитет „Гоце Делев“ – слободни места за 5.037 бруцоши

ugd-shtip-702x336.jpg

Универзитетот „Гоце Делчeв“ во Штип го распиша Конкурсот за упис на студенти за учебната 2018/2019 година, на кој се предвидени слободни места за 5.037 бруцоши на некој од 15-те факултети и академии.

Од слободните места 3.078 се за редовни студенти во државна квота, 1.064 се со кофинансирање и 895 места предвидени за вонредни студенти.

„Сакам да ги повикам завршените средношколци и идните студенти да дојдат на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип бидејќи располагаме со соодветни услови и студентски програми со доволен број на квалитетни наставници. Гарантираме дека ќе добиете квалитетно образование употребливо за времето кое доаѓа и дека ќе имате добар живот во градот Штип“, изјави ректорот на УГД, Блажо Боев.

Боев посочи дека оваа година во овогодишниот Конкурс нема поголеми измени во наставните програми во споредба со минатата година, освен со програмата на Филмската академија во делот на современ и модерен танц и на македонски и на англиски јазик.

Првиот уписен рок на Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип е на 29, 30 и 31 август и 3 септември, по што следуваат вториот и третиот уписен рок во текот на месец септември. Согласно измените во Законот за високо обрзование академската година ќе започне на 1 октомври.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail