Отворен повик за аплицирање на стипендија во рамките на “Националната програма за стипендија на Република Словачка”

letak-NSP_EN-1.jpg

Амбасадата на Република Словачка ги информира македонските граѓани  дека отворен е повик за аплицирање на стипендија во рамките на Националната програма за стипендија на Република Словачка, во текот на учебната 2018/2019 година.

Крајниот рок за аплицирање е до 30 април, 2018 година до 16:00 часот, (4:00- средноевропско време).

Апликациите се поднесуваат онлајн на веб страната: www.scholarships.sk.

“Националната програма за стипендии на Република Словачка”, ја поддржува мобилноста на меѓународните студенти, докторанти, универзитетски професори, истражувачи и уметници да престојуваат на словачки универзитети и словачки истражувачки организации.
Студентите и докторантите можат да аплицираат и за трошоците за патување.

Детални информации за можностите за овој тип на стипендија ќе најдете на веб страната: www.scholarships.sk.

Брошура:

letak NSP_EN

Видео:

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top