Отворен повикот за UPSHIFT програмата за млади социјални иноватори и претприемачи

UPSHIFT.png

CEED HUB Скопје, со поддршка на канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје и Фондот за иновации и технолошки развој го отвори повикот за учество во UPSHIFT програмата за развивање идеја и пронаоѓање решение на проблемот што тимовите го препознале и кои преку програмата можат да добијат финансиска поддршка за реализација.

Преку UPSHIFT – програма што комбинира дел од водечките пристапи во развојот на младите и адолесцентите со најдобрите практики од приватниот сектор и со дизајн насочен кон потребите на луѓето – партнерството има за цел да ги поттикне младите луѓе преку развој на претприемачки решенија да одговорат на предизвиците во нивната заедница.

Учеството во оваа програма ќе им овозможи на учесниците да стекнат нови вештини и знаења, да решат некој социјален проблем во заедницата, да научат како да ги дизајнираат, развијат и имплементираат идеите, како и да освојат 2000 евра и идејата да ја претворат во реалност.

Оние кои сакаат да се пријават, потребно е да го идентификуваат проблемот, да направат тим од најмалку 2 а најмногу 5 млади луѓе на возраст од 13-19 години и да се пријават до 10ти септември 2018 година. Пријавувањето се врши на следниов линк.

За подетални информации за правилата за учество во програмата и начинот на пријавување може да се обратите на е- маил: mtrajkova@ceedhub.mk или преку Facebook страната на CEED HUB Скопје.

УНИЦЕФ и Фондот за иновации и технолошки развој го поддржуваат спроведувањето на три UPSHIFT циклуси во текот на наредните дванаесет месеци. Како дел од партнерството Фондот за иновации и технолошки развој ќе обезебеди мали грантови за секој од најдобрите тимови за да може да ги спроведе своите идеи.

Извор: inovativnost.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail