Отворена 25. Меѓународната летна школа за архитектура

Summer-school-16.jpg

Во манастирскито комплекс „Св. Јоаким Осоговски” во Крива Паланка синоќа беше отворена Меѓународната летна школа за архитектура која прославува четврт век постоење.

И годинава од 9 до 16 јули во импресивниот амбиент на манастирот ќе творат, разменуваат идеи, исукуства и заење триесетина студенти по архитектура од земјава и странство.

– Пред 25 години оваа школа почна како иницијатива на неколку професори, меѓу кои Александар Никуљски и  Живко Поповски, а беше поддржана од целито колектив.Побаравме автентичен амбиент со специфична архитектура каде ќе можеме да твориме и се уште ја паметам сликата од првата посета на овој манастир, во квечерина, каде со игра на светлината и темнината пред нас се отвори спектаклот на природата и манастирот, рече Минас Бакалчев, декан на Архитектонски факултет при УКИМ, Скопје.

Додаде дека токму тој простор кој плени при секоја повторна средба е инспирација на сите студенти кои ја посетуваат школата.

Влатко Коробар, претседател на Советот на школата истакна дека не верува оти има професор од Архитектонскиот факултет кој не вградил, како што рече, барем една тула во 25-годишната историја на школата.

– Сите 25 години постоење на школата се 37 недели работни сесии, 259 дена летна школа, а тоа  е повеќе од една студентска година, период исполнет со нови искуства, експеримент, инструкции, комуникација и учење. Овде минале околу 750 студенти од сите меридијани и стотина ментори-тутори, изјави Коробар.

Рече дека е горд на овие бројки кои се достигнување со кое ретко која школа може да се пофали. Според него овде се создадени бројни професионални и приватни контакти кои траат низ годините.

Темата на годинашната школа е „Колаж, монтажа, асемблаж“, а гости-тутори се Мишел Рредијк и Жулиет Бекеринг од Холандија кои ќе предаваат  за примената на колажот, монтажата и асемблажот во уметноста и архитектурата и во проектите во нивните студија, а на 12 јули предавање на тема „Серија соработки СКОПЈЕ-ДЕЛФТ во последните 10 години, со фокус на користените методи“ ќе одржи и Хавик Класке.

Меѓународната летна школа за архитектура се одржува во организација на Архитектонски факулет при УКИМ, Скопје, во соработка со МПЦ и Кумановско-Осоговската епархија. Затворањето на 25-тата сесија ќе биде на 16-ти месецов со изложба на делата од студентите која ќе се одржи во стариот манастирски конак.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.