kolonija.gif

Дванаесет ликовни уметници од шест Европски држави во претстојните седум дена ќе творат во амбиенталниот простор на манастирот свети Јоаким Осоговски кај Крива Паланка на 32-та сесија на Меѓународната ликовна колонија која го носи името на светецот.

– Авторите ќе творат по слободен тематски пристап, во разни сликарски техники, инспирирани од убавините на природата и духовноста на сакралното амбиентално место во кругот на манастирот и храмовите. Секој автор е должен да остави две од создадените дела во зборката на колонијата. Досега, во рамки на тридецениското постоење на колонијата создадени се безмалку 500 дела, сочинети во две збирки, една во Центарот за кулутра, Крива Паланка, каде има над двесте дела, останатите во манастирот, каде има повеќе од 250 слики, изјави професор Јордан Михајловски, координатор на колонијата.

На годинашната ликовна сесија на колонијата учествуваат реномираните ликовни уметници: Маркус Барвитски, Германија, Ева Ертл од Австрија, Диминика Пашковск и Реџина Бастијан од Пoлска, Силвија Михајлова, Бугарија, Демет Јаолчинкаја од Турција и нашите уметници: Димитар Стојчевски, Стефан хаџи-Николов, Христина Стојчевска, Ангеле Гавроски, Дејан Иванов-Балтон и Лазо Ѓоргиевски.

Меѓународната ликовна колонија „Св.Јоаким Осоговски“ е препознатлива во светски рамки како единствена која е реализира во манастирски амбиент.

Колонијата ќе трае до 12 септември, а создадените дела на сесијата ќе бидат претставени пред јавноста на изложба која ќе се одржи во стариот манастирски конак на 11 септември во 19 часот и 30 минути.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail