Отворена изложба „Портретите на св.Јован Владимир во уметноста на Балканот од 17 до 20 век“

133499446-95004.jpg

Триесетина изложбени паноа се претставени на изложба „Портретите на св. Јован Владимир во уметноста на Балканот од 17 до 20 век“, која денеска беше отворена во Македонската академија на науките и уметностите.

На паноата се претставени портрети на св. Јован Владимир, одбрани од црквите во регионот. Изложбата ја подготви д-р Сашо Цветковски од Истражувачкиот центар за културно наследство при МАНУ, а ја отвори академик Цветан Грозданов, раководител на Центарот.

Беше промовиран и каталог, во кој, како што рече Грозданов во обраќањето, се репродуцирани 80 портрети на св.Јован Владимир.

– Јован Владимир е трагично загинат на Преспанското Езеро во 1016 година. Тој бил сопруг на Косара, ќерката на цар Самоил. Над 20 портрети се откриени меѓу Охрид и Дебар главно од големите мајстори на Дебарската школа. Во Елбасан се откриени десеттина портрети на св.Јован Владимир. Во Бугарија се откриени 11 портрети, а во Елбасан е сочуван најстариот портрет истакна Грозданов.

Изложбата е резултат на повеќегодишните истражувања на црковните споменици во Македонија, Албанија, Црна Гора, Грција (Света Гора) и во Бугарија и ќе биде презентирана и во неколку града во Македонија.

На отворањето на изложбата присуствуваа поглаварот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, г.г. Стефан, претставници од Министерството за култура, академици…

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail