Отворена првата сендвчичарница во која се прават свежи бургери од страна на автоматизиран систем

mach.jpg

Компанијата „Creator“ од САД ja отвори својата прва сендвичарница во која ќе продава бургери направени од свежи состојки, од страна на автоматизиран систем во кој не се вклучени луѓе, а ќе чинат 6 долари од бургер.

Како што истакнува основачот на компанијата Алекс, тој има работено во сендвичарница, па сакал да направи нешто различно. Целиот процес на спремање на бургерот е од страна на автоматизиран систем, па вработените во компанијата се тука само за одржување и помош, меѓутоа не и за директно правење на сендвичите.

Она што ја разликува оваа сендвичарница од останатите, покрај автоматизираниот систем на изработка, е нешто што е резултат токму на таа автоматизираност. Сендвичите се прават од целосно свежи состојки кои се спремаат или сецкаат во моментот кога е потребно да се направи бургер.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top