Отворени денови на УГД

31776f6e6bf414b76f4b8377969aab66_XL.jpg

Универзитетот „Гоце Делчев“  на средношколците од завршните години ќе им ги претстави можностите што ги нуди за студирање на Отворени денови кои ќе се одржат како во Штип, така и во наставните центри во Струмица, Кавадарци и во Прилеп. Отворените денови имаат за цел да го доближат УГД до потенцијалните студенти – средношколците, како и до сите заинтересирани.

На Отворените денови заинтересираните ќе можат да разговараат со наставничкиот кадар и со актуелните студенти на УГД,  да се запознаат со студиските програми, условите за студирање, организационата структура на Универзитетот, кампусите, можностите за вклучување во истражувачки, студентски, спортски активности, за учество во програмите за студентска размена и посета на познати светски универзитети, како и запознавање со можностите на електронскиот индекс и добивањето на стипендии.

Отворениот ден на УГД во Штип ќе се одржи во четврток (20 април), во 12 часот, на просторот пред Правниот факултет (поранешен Ректорат). Сите факултети ќе бидат претставени на штандови кои на специфичен и креативен начин ќе го презентираат секој факултет одделно. Отворените денови на УГД ќе продолжат и во наредната недела, со претставувањето во наставните центри во Струмица (26 април) и во Кавадарци (27 април), а ќе завршат со отворен ден во Прилеп.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail