Ова дрво може да биде замена за дизел горивото!

drvo.jpg

До неодамна домородното дрво наречено кротон мегалокарпус (croton megalocarpus), специфично за регионот на централна и источна Африка, беше употребувано единствено како дрво за огрев. Меѓутоа, групацијата Eco Fuels Kenya (EFK) започна да експериментира со производство на обновливо биогориво од плодот кој расте токму на ова дрво. Притоа, во овие делови на Африка веќе има развиено практика на собирање на плодовите од локални фармери. Директорот на EFK изјави дека овој пристап на групацијата е „целосно локален“.

Истражувањето на групацијата откри дека плодот од дрвото кротон може да биде директна замена за дизел горивото за некои возила, а оттаму додаваат дека тие се единствените на пазарот кои произведуваат нешто од кротон плодовите.

Голема позитивност е тоа што овие дрва се распространети насекаде, па групацијата засега не планира да посадува нови. Дополнително, откако се рашири веста за новата употреба на плодот и профитот кој го носи, се зголеми интересот кај фармерите и групацијата си ја прошири мрежата на вработени. Во 2016 година беа набрани преку 1.000 тони од плодот.

На својата веб страница EFK го опишаа нивниот производ, односно маслото од кротон плодот како „целосно еколошко“. Кротон дрвата даваат плод без дополнително ѓубрење или наводнување, а процесот за производство на маслото троши значително помалку енергија отколку процесот за производство на вообичаените горива. Фармерите не се обврзани да ја запоставуваат својата секојдневна работа, а можат да ги прибираат плодовите преку целата година.

Новооткриената економска вредност на кротон дрвата исто така промовира и пошумување на источна Африка, што ќе ја подобри и состојбата на почвата, а се бори и против

климатските промени. Ова масло има потенцијал да ги замени штетните природни горива, а поради фактот дека се произведува локално и без извоз, се заштедува и на емисии на јаглерод.

Групацијата исто така произведува и органски ѓубрива од лушпата на плодот, а од остатокот на процесираните плодови произведува храна за добиток. Моментално маслото од кротон плодот се продава на локални бизниси кои го користат за енергија на своите генератори. Целта на групацијата Eco Fuels Kenya е во периодот од 2016 до 2022 година да посади 300.000 дрва.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail