marshcages-768x432.jpg

Читателите кои ќе ја посетат Маршова библиотека во Ирска ќе добијат поинакво искуство.

Имено, во текот на 18-иот век, читателите во текот на оваа библиотека биле затварани во кафез.

Маршовата библиотека е формирана во 1707 година. Оваа библиотека имала бројни книги, а многу од нив биле ретки и биле многу вредни. Затоа библиотеката многу бргу се нашла на мета на крадци. Во текот на првата деценија биле украдени повеќе од илјада наслови.

Со цел да ги заштитат книгите направиле три мали кафези вградени во ѕид. Така ако некој читател сакал да чита некоја вредна книга, морал да прифати да го затворат во таков кафез за да не побегне со книгата.

Маршовата библиотека се уште е отворена, а кафезите функционираат.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail