Ова е газда Радомир кој плаќа летувања и автомобили за вработените

radomir.jpg

Се сеќавате ли на газдата од Црна Гора, Радомир Новаковиќ, кој секогаш беше дарежлив кон работниците и со тоа ги доби симпатиите на сите во регионот? Познат по тоа дека често им купува автомобили, им плаќа крстарења и летувања, сега Црногорецот направи нешто поголемо со кое сите ги изненади, иако се мислеше дека ништо не може да изненади од него.

Тој е сопственик на најголемиот ланец маркети за спортска облека и опрема, а оние кои работат за него велат дека е голем и добар човек, кој секогаш помага, подарува и споделува.

Неговиот прекар е Брат, а пред 14. Години ги прати своитре вработени на крстарење на Бахамите, секако бесплатно.  На дел од работниците им купи и автомобили Голф, и тоа со осигурување!

Има и хуманитарни акции за кои не сака да зборува и да се фали. Минатата година стана претседател на општината, па сите плати кои ги заработил од таму ги дал во хуманитарни цели.

Се зборува и дека еден вработен кој собирал со години пари за Светско првенство во Бразил, го одвел токму Радомир.

Секоја чест! Тој е доказ дека сеуште постојат добри луѓе кои знаат да подадат рака.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail