Ова е најдобриот начин за да ги откажете цигарите

cigari.jpg

Резултатите од истражувањето спроведено на Оксфорд покажува дека наглото откажување од цигарите е навистина најдобриот начин за да престанете засекогаш да пушите.

За време на истражувањето, научните дошле до сознание дека пушачите кои ќе престанат да пушат имаат дури 25 % поголеми шанси после 4 недели да не пушат, но 42 % повеќе шанси да не пушат ни следните шест месеци. Тоа за жал не важи за оние кои постепено се одлучуваат да престанат да пушат.

Имено, објаснувањето се крие во тоа што лицата кои ја намалувале бројката на испушени цигари потешко се одлучуваат да пресечат, а таа пракса воедно и ја зајакнува потребата за цигари. Сепак, ако се одлучите повеќе да не пушите, тогаш помирете се со фактот дека цигарите нема да бидат повеќе дел од Вашиот живот. Исто така, психички ќе Ви биде полесно и Вашето тело нема да бара никотин.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top