Немате ли доволно пари за изнајмување приватен авион? Една компанија од Русија лесно ќе го реши проблемот.

Private Jet Studio од Москва за цена од 310 долари ќе ви овозможи на Instagram да се претставите како да летате со стил.

Покрај професионалниот фотограф, кој треба да извоите дополнителен износ на пари, клиентите, исто така, имаат фризер и шминкер, кој ќе се погрижи да изгледаат како првокласни патници.

Корисниците на Instagram ќе можат да гледаат фотографии од луѓе кои “спијат” во авионот или уживаат во поглед од прозорецот до аеродромот.

За 3.000 долари, ќе можете да изнајмите цел авион, а некои од опциите вклучуваат домашни миленици, паркирање на луксузни (можеби и изнајмени) автомобили пред авионот или позирање при влегување во авионот, вели Pentastar Aviation.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail