Ова е новата Nokia 3310

nokia-3310-1.jpg

На Светскиот конгрес во Барселона беше претставена новата верзија на стартиот неуништлив модел 3310, кој на почетокот на 2000-тите години се продаде во дури 126 милинои промероци.

Новата верзија е подобрена и има екран во боја, но генерално ќе ги има истсите перформанси. Не е паметен телефон и нема опција за поврзување на Интернет. Поддржува 2G мрежа, има мал закривен VGA екран. Внатрешната меморија изнесува само 16 МВ, но има опција за microSD картичка до 32 GB. Камерата има само 2 мегапиксели, а има и приклучок за слушалки па може да се слуша музика од картичка.

Најбитно е тоа што оваа Nokia ќе биде препознатлива по долготрајната батерија – ќе може да се разговара до 22 часа, а кога не се користи ќе трае и до 30 дена. Цената е уште една позитивна работа – ќе чини само 49 евра. Претставувањето на овој „воскреснат“ модел го следеа многу повеќе луѓе отколку презентациите на Huawei и LG. Nokia 3310 може да заинтригира многу корисници да го купат како втор мобилен телефон. На пазарот ќе се појави во текот на годината, но не се знае точниот дату

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail