meizu-zero-e1549106522122.jpg

Минатата недела две кинески компании кои продаваат паметни телефони открија два уреди кои имаат дизајни какви што не нудат ни Apple ни Samsung и какви што немаат ни iPhone XS ни Galaxy S10. Тоа се Meizu Zero и Vivo Apex 2019. И двата концепти покажуваат како ќе изгледаат телефоните во не толку далечната иднина.

Сепак, и двата телефони прикажуваат дизајни кои засега нема да бидат корисни. Токму затоа ни Meizu, ни Vivo не најавија планови за масовно производство на телефоните. Сепак, Meizu Zero веќе е подготвен да го произведува телефонот доколку сакате да го нарачете во претпродажба.

Веќе знаеме зошто дизајните без копчиња и без приклучоци не се практични сега затоа што потребно е да се финализираат некои технологии пред навистина да се прифатат тие дизајни. За да се користат телефони како Zero треба да имате безжичен полнач. Од Meizu велат дека веќе имаат развиено посебен полнач за безжично полнење со супериорна брзина во однос на сите конкуренти.

Исто така, преносот на податоци ќе мора да се прави безжично преку Wireless USB. Што се однесува на безжичните услуги, мора да најдете оператор кој поддржува eSIM, затоа што во спротивно телефонот нема да може да се конектира на мобилна мрежа ни на Интернет. Понатаму, бидејќи немаат физички копиња од страните, производителите на додатоци за телефони ќе мора да направат посебни маски за заштита.

Телефоното Meiu Zero може да се нарача во претпродажба по цена од 1.299 долари и ако можете да почекате до април, можете да го добиете моделот Exclusive Engineer Unit преку платформата Indiegogo. За 2.999 долари имаше посебна понуда на моделот Exclusive Pioneering Unit, но се распродаде во рекордно време.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail