Ова е вистински фитнес за мозокот

MOZOK.jpg

Секојдневното решавање на крстозбори и слични енигматски загатки, како на пример судоку помага да ја сочувате концентрацијата. Во денешно време се популарни и онлајн крстозборките, кои ги има на многу сајтови.

За мозокот да не ни стане мрзлив, треба постојано да го вежбаме, потрбни ни се постојани поттикнувања и нови задачи, заоа што рутината ја убива виталноста на мозочните функции. Овие поттикнувања на мозокот може да бидат некои едноставни работи. На пример, доколку сте деснак, да пробате да пишувате со лева рака или да завршите некоја секојдневна активност со раката која помалку ја користите.

Ваквиот тренинг на мозокот може да го направиме на многу различни начини и да го вежбаме она што најмногу ни се допаѓа, од решавање крстозбори, ребуси и судоку до учење на нови работи, како нов јазик, играње шах и сл.

Како мозокот ни старее, така ние се потешко ги разделуваме информациите, од разните звуци околу нас, па на пример, позадинската бучава им оневозможува на постарите лица да се концентрираат на она што го гледаат. Во едно истражување на универзитетот Wake Forrest 23, доброволци по еден час на ден решавале крстозбори и други логички вешби, а со скенирање на протокот на крв во мозокот покажало дека секој ден се посконцентрирани на задачите.

Првите вистински крстозбори се појавиле пред повеќе од 100 години во амеркански весници. Како им растела популарноста, така се ширеле по светот и добивале различни имиња: италијански, швајцарски, слоговни, класични, а во нашите кругови се доста популарни и скандинавките.

Со развивањето на дигиталните технологии, крстозборите станаа достапни и на нашите компјутери, таблети и телефони. Па така денес со пребарување нa Google, ќе пронајдете повеќе страни каде може он-лајн да решавате. Играјте, забавувајте се и тестирајте го Вашето знаење.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail