Ова е Зеландија – новиот континент на планетата Земја

tocka-222743.jpg

На нашата планета постои уште еден скриен континент скриен во Тихиот океан, прикачен на Нов Зеланд.
Дури единаесет истражувачи утврдиле дека Нов Зеланд и Нова Каледонија се одвоени од Австралија и дека припаѓаат на тој нов континент со површина од 4,6 милиони квадратни километри.

Студијата која ја објавило геолошкото друштво на Америка, покажува дека 94 проценти од површината на овој континент се наоѓа под вода, како последица од слабеењето на оваа плоча пред раздвојувањето на континентите. Научниците до ова сознание дошле со користење на напредна технологија на гравитациските карти.

“Научната вредност на класифицирање Зеландија како континент е многу поголема од самиот негов назив во списокот на постоечките континенти. Ова не е неочекувано откритие, туку откритие до кое дојдовме постепено”, велат истражувачите.

“Фактот дека еден континент може да биде потопен, но не и фрагментиран, укажува на интересна геодинамика и дава нов увид во студијата за спојувањата и поделбите на континенталните плочи,” истакнуваат тие.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail