Ова се 25-те најдобри скопски матуранти

najdobri-srednoskolci-768x343.jpg

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски денеска во Сити хол, во рамките на манифестацијата „Средба меѓу првиот и најдобрите“, на најдобрите 25 матуранти – првенци на генерација 2013/2017 година од 21 средно училиште, им додели признанија и парични награди.

Добитници на наградите и признанијaта се: Софија Кераовска (СУГС „Лазар Танев“), Јован Карапеев (СУГС „Лазар Танев“), Марко Стојковски (СУГС „Јосип Броз Тито“), Мурат Коца (СУГС „Кочо Рацин“), Александар Додевски (СУГС „Георги Димитров“), Бојан Китановиќ (СУГС „Арсени Јовков“), Сара Јовановски (СУГС „Здравко Цветковски“), Наташа Арсова (СУГС „Браќа Миладиновци“), Ана Јакимовска (СУГС „Владо Тасевски“), Антонина Цековска (СУГС „Димитар Влахов“), Амира Одат (СУГС „Цветан Димов“), Дамјан Хаџибанов (СУГС „Михајло Пупин“), Бобан Митровски (СУГС „Михајло Пупин“), Егзон Исеини (СУГС „8-ми Септември“), Марко Митрески (СУГС „8-ми Септември“), Марко Наумовски (СУГС „Д-р Панче Караѓозов“), Никола Симеоновски (СУГС „Боро Петрушевски“), Адриан Азизи (СУГС „Зеф Љуш Марку“), Никола Велковски (СУГС „Панче Арсовски“), Филип Поповски (СУГС „Васил Антевски Дрен“), Марко Камиловски (СУГС „Орце Николов“), Марија Тодосова (СУГС „Никола Карев“), Филип Трајковски (СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“), Мила Богатинова и Џејљан Муртезани (СУГС „Марија Склодовска – Кири“).

Од името на матурантите се обрати Бојан Китановиќ од СУГС„Арсени Јовков“, кој им се заблагодари на професорите и на класните раководители коишто секогаш верувале во нив и на секоја ичилишна, но и животна лекција, за трпеливоста да го извлечат најдоброто од нив и да ги направат подобри личности.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail