n9kbS-94bb5ff238b264ef2d2bc0dd163a19b85d4bc4fd60a6217ae256383526f2f307.jpg

Минхен повеќе не е најскапиот град за живот во Германија. Пред него на листата на најскапи градови за живот во Германија се наоѓаат пет други градови.

Најскап е Карлсфелд, следат Штудгарт, Лајнфелден-Ехтердинген, Гермеринг, Дахау па дури потоа метрополата Минхен, пишуваат од “Fenix magazine“.

Во Минхен и понатаму е речиси невозможна мисија да се најде стан, но ситуацијата е полоша во Штудгард.

Тие податоци произлегуваат од овогодишното истражување на компанијата за истражување F+B.

Директорот на таа компанија Берт Леутнер изјавил дека во Штудгард изнајмување на стан се плаќа во просек 10.41 евро по квадратен метар, додека пак во Минхен 9.47 евра по квадратен метар.

Леутнер вели дека становите се најскапи во Карлсфелд каде што цената на квадратен метар е 10.86 евра.

Тоа е доказ дека квалитетен и евтин живот во околината на големите градови повеќе не постои.

Ова е пописот од најскапите градови во Германија:

– Карлсфелд;
– Штудгард;
– Лајнфелден-Ехтердинген;
– Гермеринг;
– Дахау;
– Минхен;
– Тибинген;
– Лудвигсбург;
– Ердигин;
– Дицинген;
– Дармштат;
– Конверстхајм;
– Хамбург;
– Еслинген ам Некар;
– Фисбадем;
– Фелбах;
– Констанц;
– Дизелдорф;
– Франкфурт;
– Нордерстед;
– Ремсек ам Некар;
– Келн;
– Мајнтал;
– Ројтлинген;
– Равенсбург;
– Офенбах на Мајна;
– Хајделберг;
– Вајнштат;
– Битигхајм Бисинген.

 

извор: точка.мк

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail