Ова се близнаците кои изгубија речиси една милијарда долари од падот на биткоинот

blizanaci.jpg

Близнаците Тајлер и Камерон Винклвос станаа познати како првите биткоин милијардери во светот. Тие управуваат со фонд за инвестиции во криптовалути и покрај грандиозниот раст на цената на дигиталната валута на крајот на минатата година тие ја направија првата милијарда од биткоин во светот.

https://studenti.mk/konkursi-2018-2019/

Но сега цената на биткоинот е речиси половина од рекордни над 20 000 долари, постигнати на крајот на 2017 година .И двајцата близнаци, кои се најпознати по својот обид да се здобијат со контрола над Facebook откако го обвинија Марк Закерберг, дека им ја присвоил таа идеја за социјалната мрежа, изгубија 922 милиони долари во последниот месец.

Со портфолио од околу 120 000 биткоини, Винкловос несомнено се повеќе од било кој друг инвеститор изложени на сериозните флуктуации на пазарот, кои на крајот се случија.

Сепак, тие се уште се милијардери.

Пред четири години, инвестирале 11 милиони долари во биткоин. До денес, според нив, тие не се продале ниту еден .

Сепак, Винкловос близнаците имаат поголеми биткоински планови отколку што изгледа и гледаат како им расте сметката.

Минатата година тие се обиделе да создадат фонд со кој се тргува со хартии од вредност поврзан со биткоин, но Комисијата за хартии од вредност ја одбила апликацијата.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top