Ова се десет земји каде е најдобро да се биде жена

gender-gap.png

Напредокот на полето на еднаквоста на половите не оди со посакуваното темпо. Со моменталната стапка на напредок ќе бидат потребни 108 години за да се намали јазот меѓу половите, кој денес изнесува 68%. Тоа значи плус 7 години од проценката во 2017 година, покажува најновиот извештај на Светскиот економски форум.

Податоците за прв пат беа објавени во 2006 година, како рамка за мерење на нееднаквоста на половите во земјите измерени според четири подиндекси: eкономско учество, dостигнувања во образованието, zдравје и oпстанок и политичка моќ.

Годинава без вклучени пет нови земји: Демократска Република Конго, Ирак, Оман, Сиера Леоне и Того, па вкупниот број на земји се зголеми на 149. Од 2006 година досега јазот меѓу половите се намали за само 3,6%, додека само во 2018 година тоа намалување е незначителни 0,03%. Сепак, генералниот правец на напредоке позитивен – од 144 земји во 2017 година, 89 барем маргинално го имаат намалено јазот и 55 забележале регрес.

Исланд е на првото место на индексот 10 години со ред и има затворено повеќе од 85% од меѓуполовиот јаз. Првите четири земји на листата се нордиски: Норвешка, Шведска и Финска на второ, трето и четврто место соодветно. Има и новодојдена земја меѓу првите десет годинава – Намибија, која се искачи за три места и стана втората супсахарска земја после Руанда која е меѓу земјите со најмал јаз меѓу половите.На првото рангирање во 2008 година Намибија беше на 38 место. До 2018 година таа затвори повеќе од 79% од јазот меѓу половите.

Една од најуспешните приказни е Никарагва, која го зазеде петтото место и се искачи од 62-рата позиција во 2006 година. Седма година по ред таа го има најмалиот јаз меѓу половите во Латинска Америка – има затворено повеќе од 80%.

Останатите три места на листата со топ 10 земји ги заземаат Нов Зеланд, Филипините и Ирска.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail