Ова се десет земји со најкраток работен ден и со највисока продуктивност

job123456789.jpg

Не е најдобро решение за продуктивноста на вработените во една компанија. Ова не е нова идеја. Во последните години голем број студии покажале дека пократкиот работен ден го крева нивото на продуктивноста.

Британската компанија „Експерт Маркет“, која е специјализирана во областа на B2B (бизнис со бизнис) услугите, направила анализа на податоците за БДП на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) и утврдила дека 10-те земји со најсупериорен БДП паѓа и во топ 10 на земјите со најкраток работен ден или најмалку часови работа.

Еве ги и нив – 10-те земји каде трудот носи највисока продуктивност, а работниот ден на вработените е најкраток:

1. Луксембург – 1.643 часа годишно со 54.49 евра продуктивност на час.

2. Норвешка – 1.427 часа годишно со 43.34 евра продуктивност на час.

3. Австралија – 1.664.2 часа годишно со 35.53 евра продуктивност на час.

4. Швајцарија – 1.568.2 часа годишно со 33.79 евра продуктивност на час.

5. Холандија – 1.425 часа годишно со 33.79 евра продуктивност на час.

6. Германија – 1.371 часа годишно со 30.93 евра продуктивност на час.

7. Данска – 1.436 часа годишно со 28.77 евра продуктивност на час.

8. САД – 1.789 часа годишно со 28.20 евра продуктивност на час.

9. Ирска – 1.821.26 часа годишно со 27.56 евра продуктивност на час.

10. Шведска – 1.609 часа годишно со 26.91 евра продуктивност на час.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail