Ова се десетте најевтини градови во светот

odesa3.jpg

DCIM100MEDIADJI_0124.JPG

Интернет страницата Expatistan е идеално место за луѓето кои ги интересира цената на живот во одделни градови од светот, без оглед дали се заинтересирани за краткотрајна посета или повеќегодишно преселување.

Таа ги анализира цените на храната, пијалоците, облеката, предмети за домаќинство, домувањето, сметките, превозните средства и други секојдневни трошоци за да создаде листа со најевтини и најскапи места за живот при крајот на 2017 година.

Според нивната анализа Одеса е најевтиниот град за живот на крајот на 2017 година.

Украинското поморско пристаниште ја доби оваа титула поради ниските цени на храната, домувањето и другите животни трошоци.

Така, ручек во ресторан во деловната зона поединец ќе плати околу 3,5 евра (пијалокот е вклучен во цената), литар гориво за автомобили чини околу 0,8 евра, а половина литар домашно пиво во прводавница околу 0,4 евра. Наспроти тоа, половина литар точено пиво во кафуле чини околу 0,9 евра.

Месечната цена за наем на стан од 45 квадрати чини околу 194 евра, додека сметките ќе ве чинат дополнителни 25 евра. Интересно е што на листата со 10 најевтини места за живот на крајот на 2017 година покрај Одеса се наоѓаат дури 7 индиски градови, како и два африкански града.

10-те најевтини градови за живот во светот на крајот на 2017 година:

1. Одеса, Украина

2. Бубанесвар, Индија

3. Кочи, Индија

4. Џајпур, Индија

5. Ахмедабад, Индија

6. Коимбаторе, Индија

7. Каиро, Египет

8. Калкута, Индија

9. Хајдерабат, Индија

10. Тунис, Тунис

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail