Ова се најбараните дестинации на интернет

CQHLo-.jpg

Како и пред крајот на секоја година, Google и оваа година го објави “Year in Search 2019” списокот на најбараните поими на интернет.

Меѓу разните области, како најбарани песни, филмови, серии, прашање, се нашле и патувањата. Но, како што се нагласува, на листата не се оние генерално популарни дестинации, туку оние кои во 2019-та година биле во тренд и кои луѓето ги барале во претрагата од било кои причини.

На оваа листа се откриени места на кои луѓето отишле едноставно сакале да одат во 2019-та година повеќе отколку претходните години, пишува CNBC, па не треба да ве зачудат следните дестинации.

Малдиви
На прво место се нашле Малдивите, што не треба да не чуди бидејќи сите сакаат барем на фотографија да го видат ова совршенство. Островот е познат по хотелите, а и туристичките агенции се согласуваат дека хотелите се најважни на ова место, бидејќи Малдивите не се место кое треба да се истражува, туку место на кое се ужива.

Јапонија
Светот едноставно е воодушевен од Јапонија. Светската туристичка организација при известила дека од септември 2019-та година Јапонија забележала втор најголем пораст на меѓународни приходи од туризам, веднаш по Австралија. Популарноста на оваа земја допрва ќе расте, колку повеќе се доближуваме до Олимписките игри во 2020-та година.

Бора Бора
Бора Бора е дом на кристални лагуни, па е добро место за оние кои сакаат да пливаат со ајкули, ражи или китови. Нуркањето исто така е една од најголемите атракции во овој тропски рај. Минатата деценија оваа дестинација изгубила на популарност, но според извештајот на Google, туристите повторно се се многу заинтересирани за оваа тропска дестинација.

Лас Вегас
Луѓето или го сакаат или не го сакаат Лас Вегас, но никој на кој му се пружила можноста, не пропуштил да го посети градот на гревовите. Ова е еден од оние градови во кои секој турист може да го пронајде тоа што го интересира, само прашање е дали ќе успее да ја проследи брзината на градот. Секако дека ова е градот на казината, танчерките, излегувањето, а некогаш и мафијата, за која се снимени многу филмови кои влијаеле на популарноста на градот.

Мексико
Мексико е на петтото место на Google пребарувањето, но е убедливо на првото место кога станува збор за пребарувањата на американските корисници. Ако се погледне низ годините, ова е омилена дестинација на Американците, а за тоа сведочи и најчестото прашање на Google во 2015-та година – “Што да спакувам за Канкун?”.

извор: точка.мк

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail