ОВА СЕ НАЈЕВТИНИТЕ МЕСТА ЗА ЖИВОТ ВО СВЕТОТ: Дури и Балканците имаат пари да ги посетат без проблем!

prvaslika.jpg
Звучи неверојатно, но вистинито е. И за Балканците е возможно да прошетаат низ одредени делови од светот без притоа да потрошат многу пари.
Без разлика на тоа дали сакате да одите на одмор или во нова авантура, а сакате да ги избегнете високите трошоци околу тоа, ова се вистински дестинации за вас.
ИНДИЈА
Единствената скапа работа која се однесува на патување во Индија е летот. Меѓутоа, освен летот, другите трошоци ќе ви бидат на минимално ниво. Индија е преполна со културно наследство кое ќе ги задоволи вашите очекувања.
БОЛИВИЈА
Оваа земја се смета за една од најевтините во Јужна Америка, а е препознатлива и по неверојатните предели и локалитети. Во просек ви се потребни по 1000 денари на ден. Просечната соба чини од од 300 до 500 денари, а влезницата во градските музеи чини 1 долар.
КАМБОЏА
Во оваа земја е речиси невозможно да потрошите пари. Инфраструктурата не е баш најдобра меѓутоа постојат убаво уредени предели кои мора да се видат барем еднаш во животот. Храната, свестувањето и другите трошоци се минимални.
ВИЕТНАМ
Ова место претставува спо на убавина и евтини цени. Целата земја е “пријателска за новчаникот“ меѓутоа и пријатна за очите. Со 10 долари ќе можете да си обезбедите просечно сместување, локална храна, превоз и домашно пиво.
ЛАОС
Иако е често заобиколен од туристите бидејќи тие се одлучуваат за побогатиот Тајланд, Лаос баш поради недостатокот на туристи прерасна во една од најевтините дестинации во свеотот. Таму ќе пронајдете голем број на храмови, шуми и плажи, а притоа ќе се одморите без гужва. Со 1000 денари на ден би биле сместени во хостел со три оброци, три пива и неколку возења со такси.
Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail