Ова се најпребарувани поими на Гугл за 2019 година

gugl.jpg

Гугл постојано собира податоци за тоа што корисниците бараат на интернет и секоја година објавува листа на најпребарувани зборови и поими.

Така, најпребарувани личности за 2019 година, се раперот Р. Кели, глумецот Кевин Харт, блогерот Џејмс Чарлс, Џуси Смолет (глумец) и Антонио Браун (спортист). „Одмаздници: Завршница“ е најпребаруваниот филм на Гугл за годинава. Од второто до петтото место се „Капетанката Марвел“, „Џокер“, „Приказна за играчките 4“ и „Кралот лав“.

„Игра на престолите“ и „Почудни нешта“ се најпребарувани ТВ-серии.

Најпребарувани настани пак, биле оние поврзани со Копа Америка, Областа 51, Светското фудбалско првенство за жени, катедралата Нотр Дам и ураганот Доријан, којшто е на прво место.

Општата листа на најпребарувани поими изгледа вака:

1. Дизни плус,
2. Камерон Бојс (смртта на глумецот),
3. Нипси Хасл (убиството на раперот),
4. Ураганот Доријан,
5. Антонио Браун (обвиненијата за силување против него),
6. Смртта на Лук Пери,
7, „Одмаздници: Завршница“,
8. „Игра на престолите“,
9. „Ајфон 11“, и
10. Наводниот физички напад врз Џуси Смолет.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail